Browsing: ракомет

Исланѓаните со 26:24 ја добија скандинавската пресметка со Шведска во рамки на групата А во Сплит додека Белорусите беа за гол подобри од Австрија (27:26) во Пореч. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во премиерниот настап на 13. континентален турнир

Вардарци ја освоија ракометната Лига на шампиони, вардарки освоија сребро на Фајналфор турнирот. Македонската млада фудбалска репрезентација настапи на ЕП во Полска, фудбалерите на Вардар беа дел од групите во Лига Европа. Антиќ, пак, со Фенербахче триумфира во Евролигата

„Ролетарот“ меѓу „црвено-црните“ стативи доби најмногу гласови од жирито составено од 30 новинари, но и од преку 100.000 фанови во изборот на специјализираниот ракометен сајт „Хендбол Планет“. Во идеалниот тим се најдоа и четворица играчи на ПСЖ и по еден на Барселона и на Скјерн

Шестата епизода од македонско-шведска ракометна пресметка заврши како и претходните пет. „Црвено-црните“ го задржаа максималниот ефект со ривалот од континенталниот север по денешните 31:15 во СЦ „Јане Сандански“. Следува пауза во елитното клупско натпреварување на ЕХФ до почетокот на февруари, во меѓувреме, од 12 до 28 јануари ќе се одржи Европското ракометно првенство за мажи во Хрватска на кое ќе учествува и Македонија

Битолчани успеаја да се пробијат меѓу најдобрите 16 во натпреварувањето на ЕХФ по денешниот триумф во Литванија против Гранитас Каунас со 29:23 (полувреме 11:10). Ждрепката за ривалот во осминафиналниот двомеч напролет е закажана во вторник во Виена

Украинскиот состав со триумфот со 30:22 ја оправда фаворитската улога во ВИП арената „Борис Трајковски“ оставајќи го македонскиот вицепрвак без трошка надеж за победничко збогување со своите навивачи на европската сцена

Вардаровата ракометна машинерија го сомле и Рајн Некар Левен со 30:26 во осмото коло во Лигата на шампиони и се бетонира на лидерската позиција во групата А со 15 бода, четири повеќе од бундеслигашот со кого ќе се соочи и наредниот викенд во Манхајм

„Црвено-црните“ ракометарки славеа над германскиот вицепрвак со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во Лигата на шампиони и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент

Мечот меѓу македонскиот и германскиот претставник е вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот. Со победа „црвено-црните“ девојки ќе се преселат во главната групна фаза во Лигата на шампиони на ЕХФ со максимален ефект и со осум бода на контото

Ракометен дијалог на теренот во „Ведигсбургхале“ во Ерфурт се водеше само во воведниот дел на средбата. Се останато беше ракометен монолог во продукција на „црвено-црните“ девојки кои не дозволија сензација налик на онаа од 2014 година и славеа со 29:21. Наредниот викенд вардарки му гостуваат на норвешки Ларвик