Browsing: ракомет

Вардаровиот стратег изрази задоволство и гордост од триумфот на Вардар против Барселона со 27:24 во петтото коло во Лигата на шампиони. Притоа порача дека ова е само еден меч и нагласи потреба од фокусирање на продолжение на сезоната. Борозан беше најефикасен домашен ракометар со шест гола, Ривера, пак, воопшто на дербито со осум погодоци. „Црвено-црните“ во шестото коло ќе патуваат на мегдан на шведски Кристијанштад

Тимот од Автокоманда го совлада рускиот претставник со 32:26 во меч од петтото коло во Д конкуренцијата за втора победа во сезоната, прва на гостински терен. Халил Јагањац со девет гола беше најефикасен играч на средбата, шест додаде Жарко Пешевски колку и Санталов како прв стрелец кај поразената екипа

Европскиот првак одигра 26:26 на гостувањето во Унгарија кај екипата на ПИК Сегед во меч од четвртото коло во групата А. Борозан најефикасен во мечот со осум гола, Циндриќ постигна седум, Бунтиќ со пет бепе прв стрелец кај домашните. Наредната сабота (17,30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ гостува моќната Барселона во дербито на петтото коло во ЛШ

„Црвено-црните“ девојки во премиерата на групната фаза триумфираа против Ференцварош со 34:31 (20:11) како еден вид на подгревање на надежите дека токму ова издание од елитното натпреварување на ЕХФ можеби е нивно за, конечно, и тие да се вратат во Скопје со посакуваниот трофеј од завршниот турнир. Цвијиќ и Лекиќ најефикасни со седум гола, стандардно на висина на задача и Пенезиќ и Лакрабер кои постигнаа по шест

Селекторот Раул Гонзалез објави список со 21 играч за претстојната ЕХФ недела (23-29 октомври) во која е планира само тренинзи, воигрување и тим билдинг како дел од подготовките за Европското првенство во Хрватска од 12 до 28 јануари догодина

Металург го положи оружјето и во вториот настап во групата Д во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак овојпат согоре во сопствениот погон и загуби на домашен терен од Бешикташ со 27:31 (полувреме 14:14). Шанса за прва победа ќе се бара наредниот викенд (сабота, 17,30 ч.) во Скопје против Спортинг Лисабон

„Црвено-црните“ го совладаа Нант со 27:23 (полувреме 14:10) и останаа на врвот на табелата во групата А. Фереира Мораеш со шест гола најефикасен во натпреварот, Кире Лазаро со мала минутажа и без погодок за францускиот состав Наредниот викенд (недела) во Скопје ќе гостува ППД Загреб

Ракометарите на Вардар подобри од Висла во Плоцк со 26:22 во воведното коло од сезоната во групата А во Лигата на шампиони. Борозан ги предводеше „црвено-црните“ со 5 гола. Во сабота во Скопје ќе гостува Нант на Кире Лазаров кој на домашен терен го совлада ПИК Сегед со 30:26

Охриѓани ќе играат со КРАС Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ, битолчани против Гранитас од Литванија во машкиот Челинџ куп, а во женското издание на натпреварувањето девојките на Металург против Малага, а кумановки со Лублин