Browsing: ракомет

Машката репрезентација ја разнесе Чешка со 33:20 и како првопласирана во групата 4 ќе патува на Европското првенство догодина. Капитенот Кире Лазаров постигна 11 гола во решавачкиот исчекор кон завршниот турнир

Националниот тим, предмалку, во Суми, Украина, одигра 27:27 со домашната селекција. Дејан Манасков не реализира удар за победа во последна секунда. Место на континенталниот собир во Хрватска ќе мора да се брка во недела низ последните 60 минути во квалификациите против Чешка на домашен терен

На турнирот што е востановен во 1997 година ќе играат и бранителот на титулата Фухсе Берлин, египетски Ал Ахли (освојувач на африканската ЛШ), Ал Нор од Саудиска Арабија (освојувач на азиската ЛШ), Сиднеј јуниверсити (осовјувач на Купот на шампиони на Океанија), бразилски Пињеирош (освојувач на Пан-американскиот Куп на шампиони), претставник на домаќинот и екипа со вајлд карта

Голманот на Вардар, според официјалната статистика на Европската ракометна федерација (ЕХФ), забележа 20 одбрани меѓу кои и два пенала против Барселона и ПСЖ и го понесе МВП признанието на завршиот турнир во Лигата на шампиони

Хрватските репрезентативци ги зададоа решавачките удар за Барселона во полуфиналето и за ПСЖ во финалето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони и за враќање на Вардар во Скопје со трофеј од Келн