Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Македонија на ЕП 2018 во Хрватска

1
By Нова ТВ on June 19, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2017 00:45

Машката репрезентација на Македонија обезбеди континуитет во настапите на големите ракометни натпреварувања. Вечерва во Скопје ја разнесе Чешка со 33:20 и како првопласирана во групата 4 ќе патува на Европското првенство догодина. Но, резултатскиот дебакл што Чесите го доживеаја во ВИП арената „Борис Трајковски“ не им падна како мрак пред очи. Напротив, причина за задоволство имаат и тие бидејќи ќе бидат дел од завршниот турнир, но и Исланд кој ја порази Украина, на домашен терен, со 34:26 и како најдобра треторангирана селекција во квалификациите ќе игра на самитот во Хрватска.

Без разлика на конечниот расплет во групата, Македонија одигра фуриозно и едноставно ја „однесе“ чешката селекција. Од првата минута беше во водство што само го зголемуваше во текот на натпреварот. На полувреме замина со плус 6 (16:10), во второто додаде уште седум за огромни 13 гола на крајот со ривалот кој допатува како лидер во групата.

Кире Лазаров беше незапирлив. Капитенот немилосрдно ја распаруваше гостинската мрежа и настапот го заврши со 11 гола, Манасков погоди шест пати. Чесите имаат четворица најефикасни играчи кои постигнаа по три погодоци – Хрстка, Јурка, Бабак и Кашпарек.

Покрај Македонија, Чешка, Исланд и домаќинот Хрватска, на ЕП 2018 се пласираа и селекциите на Данска, Унгарија, Белорусија, Србија, Шпанија, Австрија, Германија, Словенија, Шведска, Црна Гора, Франција, Норвешка.

Ждрепката за групите на ЕП во Хрватска ќе биде извршена на 23 јуни во Загреб.

Македонија – Чешка 33:20 (16:10)

ВИП арена: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 7.000. Судии: Тиери Дент и Денис Рибел (двајцата од Франција)

Македонија: Митревски 1, Ристовски, Манасков 6, Стоилов 1, К. Лазаров 11, Митков 1, Јоновски, Талески 2, Миркуловски 1, Н. Маркоски, Георгиевски 2, Ф, Лазаров 3, Ојлески, Кузмановски 1, Поповски, Пешевски 4. Селектор: Раул Гонзалез.

Седмерци: 7/9. Исклучувања: 4 минути.

Чешка: Мрква, Галиа, Хрстка 3, Бечвар, Јурка 3, Мотл, Собол, Хорак, Стехлик 2, Бабак 3, Кивала, Петровски 2, Скварил 2, Кашпарек 3, Слахта 2, Ланда. Селектор: Јан Филип.

Седмерци: 2/6. Исклучувања: 12 минути.

Квалификации за ЕП 2018 во Хрватска

Група 1, шесто коло

Унгарија – Холандија 35:30

Данска – Летонија 33:16

Табела: Данска 11, Унгарија 9, Холандија 4, Летонија 0.

Група 2, шесто коло

Белорусија – Србија 27:27

Полска – Романија 32:31

Табела: Белорусија 8, Србија 8, Романија 4, Полска 4.

Група 3, шесто коло

Австрија – БиХ 34:32

Шпанија – Финска 46:16

Табела: Шпанија 12, Австрија 6, БиХ 4, Финска 2.

Група 4, шесто коло

Македонија – Чешка 33:20

Исланд – Украина 34:26

Табела: Македонија 7, Чешка 6, Исланд 6, Украина 5.

Група 5, шесто коло

Германија – Швајцарија 29:22

Словенија – Португалија 28:18

Табела: Германија 12, Словенија 7, Португалија 5, Швајцарија 0.

Група 6, шесто коло

Шведска – Словачка 31:17

Русија – Црна Гора 27:27

Табела: Шведска 10, Црна Гора 7, Русија 5, Словачка 2.

Група 7, шесто коло

Норвешка – Литванија 30:20

Франција – Белгија 32:28

Табела: Франција 10, Норвешка 8, Литванија 6, Белгија 0.

ЕП 2018 квалификации Македонија ракомет Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.