Browsing: ракомет

Голманот на Вардар, според официјалната статистика на Европската ракометна федерација (ЕХФ), забележа 20 одбрани меѓу кои и два пенала против Барселона и ПСЖ и го понесе МВП признанието на завршиот турнир во Лигата на шампиони

Kапитенот на „црвено-црните“ заврши без постигнат гол на Фајналфор турнирот во Келн, но неговиот придонес во бедемот пред Арпад Штербик беше за чиста десетка против Барселона и против ПСЖ

Хрватските репрезентативци ги зададоа решавачките удар за Барселона во полуфиналето и за ПСЖ во финалето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони и за враќање на Вардар во Скопје со трофеј од Келн

„Црвено-црните“ по голема борба во финалето во Келн го совладаа ПСЖ со 24:23 за најголемиот успех во клупската историја и воопшто на македонскиот машки ракомет. Победоносниот гол беше дел на Иван Чупиќ на три секунди до крајот

Унгарскиот тим ја совлада Барселона со 34:30 во натпревар за третото место на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони. Капитенот на репрезентацијата на Македонија со три гола во утешното финале на „Ланксес арена“

Шпанскиот репрезентативец, преведено со ракометен речник, ги „спушти ролетните“ за својот поранешен клуб и со своите интервенции беше двигател на „црвено-црните“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн

Македонскиот машки ракометен првак со двајца претставници меѓу десетте што оставија најсилен впечаток во елитното ракометно натпреварување на ЕХФ. Црвено-црните утре попладне од 18 часот против Барселона во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Келн