Browsing: ракомет

Капитенот ја проби четирицифрената граница од пенал во втората минута во мечот со Словенија. Во повеќе од дводецениските настапи за националниот тим има и преку 200 погодоци во пријателски средби

„Црвено-жолтите“ по негативата од еден гол на полувреме (13:14) на крајот славеа со 34:30 со што го расчистија патот кон осминафинале на Светското ракометно првенство во Франција. Нареден ривал е Ангола во сабота во 20,45 ч.

Македонија подобра од БиХ со 28:24 во првиот контролен дуел во Скопје пред настапот на СП во Франција. Утре и задутре уште два меча со истиот ривал, но затворени за јавност. Дејан Манасков вечерва беше најефикасен со осум гола

Селекторот даде слободно до понеделник кога почнува завршното темпирање на форма за СП во Франција. Националниот тим ќе има три контроли во наредната недела против БиХ, конечниот список на патници за мундијалот е најавен по Божик