Browsing: Рената Дескоска

Шансите за донесување на законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, доколку државните интереси за евроинтеграција ги стави пред интересите на одредени нејзини партски членови за кои се водат постапки во редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за правда

Искрено не верувам дека процесот околу забелешките би завршил пред изборите, бидејќи, сепак, треба да се направи сериозна анализа на она што е предложено, дали тоа значи промена на закон, дали тоа значи создавање на одредени услови. Така што тоа најверојатно ќе остане за после изборите, истакна министерката за правда, Рената Дескоска

Министерката за образование рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка