Browsing: Русија

Зборнаја“ се пласира во четврт-финале на Светското фудбалско првенство по елиминацијата на Шпанија на пенали (4:3) пришто голманот на домашната селекција ги одбрани ударите на Коке и на Јаго Аспас за огромна радост на трибините на „Лужники арена“ во Москва, но и низ целата земја воопшто

По убедливиот триумф над Саудиска Арабија на стартот со 5:0, „зборнаја“ вечерва го совлада и Египет со 3:1 и осигура место во топ 16 фаза, само прашање е од која позиција во групата А

„Зборнаја команда“ во воведниот меч на стадионот „Лужники“ ги декласира Саудијците со 5:0 (2:0) за враќање на насмевките на лицата на играчите, но и за самодоверба пред преостанатите два дуела со Уругвај и со Египет во групата А

„Триколорите“ ја освоија единствената, засега, мундијалска титула на свој терен во 1998 година. Загубија од Италија на пенали во финалето на СП 2006, а загубија и во финалето на ЕП 2016. Овојпат се решени да одат до крај за што, несомнено, имаат капацитет за такво нешто и се вбројуваат меѓу топ фаворитите за тронот ова лето

Пласманот на фудбалската репрезентација на мундијалот во Русија ја активира мобилната апликација за потреси во главниот град на што од сеизмолошката служба набрзо стигнаа смирувачки тонови дека почвата е мирна, а вклучениот аларм веројатно се должел на возбудата што ја зафати земјата

Данците со гордост се навраќаат на времето на Петер Шмајхел, браќата Лаудруп, на Ким Вилфорт и генерацијата која во 1992 година стана од плажа, буквално без подготовки замина на ЕП во Шведска како замена за Југославија и ја освои титулата

За нив ова ќе биде петто учество на мундијалите, четврто во низа по дебито во 1974 година. Најдобриот ефект го имаа на турнирот во Германија во 2006 година на кој играа во осминафиналето, фаза во која загубија од, тогаш, идниот шампион, Италија со гол од пенал на Франческо Тоти во 95 минута

„Персиските ѕвезди“ по петти пат ќе учествуваат на мундијалите на кои никогаш досега (СП 1978, СП 1998, СП 2006 и СП 2014) ја немаат минато групната фаза. До претстојниот стигнаа без примен гол во 12 квалификациски меча