Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акинфеев по триумфот на Русија: Не сум јас херој туку тимот и фановите

0
By Нова ТВ on July 1, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 1, 2018 20:43

Игор Акинфеев истакна скромност по пласманот на Русија во четврт-финалето на Светското фудбалско првенство. Домашната селекција на турнирот ја елиминира Шпанија на пенали (4:3) пришто голманот на „зборнаја“ ги одбрани ударите на Коке и на Јаго Аспас за огромна радост на трибините на „Лужники арена“ во Москва, но и низ целата земја воопшто.

„Не се чувствувам како играч на натпреварот. Играч на натпреварот е целиот тим и навивачите“, рече Акинфеев и додаде дека неговата репрезентација покажа дека знае да игра фудбал.

Натпреварот во основниот дел заврши без победник – 1:1. Обата гола беа постигнати во првиот дел. Шпанија поведе со автогол на Сергеј Игнашевич во 12. минута, Русија возврати во 41. минута преку Артем Ѕјуба од пенал. Најстрогата казна за „зборнаја“ дојде како последица на игра со рака на Пике. Од тој момент до истекот на 90. минути и во двете продолженија по 15 минути мрежите мируваа, па третиот четвртфиналист на мундијалот го дадоа ударите од белата точка.

Фото: fifa.com

Иниеста, Пике и Рамос беа прецизни од 11 метри за Шпанија додека Коке и Аспас не успеаја против Акинфеев. Сите четворица руски пеналџии беа непогрешиви. Смолов, Игнашевич, Головин и Черишев го совладаа Де Хеа и заслужено го обезбедија опстанокот на Светското првенство.

Русија во четврт-финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Данска што е во тек.

Шпанија – Русија 1:1 (на пенали 1:2)

Стадион: „Лужники арена“ во Москва. Гледачи: 78.011. Гл. судија: Бјерн Кујперс. Асистенти: Сандер ван Рокел и Ервин Зинстра (сите тројца од Холандија). Ж. картони: Пике (Шпанија); Кутепов, Зобнин (Русија). Стрелци: Игнашевиќ 12′ (автогол) за Шпанија; Ѕјуба 41′ (п) за Русија.

Шпанија (формација 4-2-3-1): Де Хеа – Алба, Рамос, Пике, Начо (Карвахал 70′) – Бускетс, Коке – Асенсио (Родриго 104′), Иско, Силва (Иниеста 67′) – Диего Коста (Аспас 80′). Селектор: Фернандо Јеро.

Русија (формација 5-3-2): Акинфеев – Жирков (Гранат 46′), Кудрјашов, Игнашевич, Кутепов, Фернандес – Кузјаев (Ерохин 97′), Зобнин, Самедов (Черишев 61′), Головин, Ѕјуба (Смолов 65′). Селектор: Станистав Черчесов.

Игор Акинфеев Осминафинале Русија СП 2018 фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.