Browsing: САД

Неговиот советник, Пат Чиполоне, во писмото до демократот Џеролд Надлер наведува дека од претседателскиот тим „не може да се очекува да учествува во дебатата се додека не бидат именувани сведоци и не е јасно дали Одборот за правда ќе му дозволи на претседателот фер процес преку дополнително сослушување“

„Њујорк Пост“ објави дека познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува да се вклучи во претседателската трка во 2020 година

Македонскиот фудбалски тренер од Скопје е десеттиот кормилар на четирикратните светски шампионки кои последната титула ја освоија ова лето на СП во Франција по победата во финалето над Холандија со 2:0

„Американците испорачаа големи очекувања од разговорите со најавите за флексибилен пристап, нови методи и креативни решенија, но длабоко нè разочараа и го уништија нашиот ентузијазам бидејќи не изнесоа ниту еден предлог на маса“ истакна Ким Мјонг Гил, шеф на севернокорејскиот преговарачки тим

Поранешната американска амбасадорка во ОН го нарече официјален Кремљ „агент на хаосот“ и убедена е дека Москва се вмеша во претседателските избори во 2016 година, правејќи раскол преку социјалните мрежи