Browsing: СДСМ

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Кусо по почетокот на вчерашната средба на партиските работни групи во Собранието, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија просторијата со образложение дека бараат присуство и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. За власта, ваквата постапка на опозицијата е алиби за бегство од процесот на преговори

Иако не е услов за почеток на преговорите со ЕУ, сепак високите европски претставници во изминатиот период се погласно ја споменуваат потребата од носење на Законот за ЈО во сегашниот парламентарен состав

Аналитичарите во земјава се едногласни дека Преспанскиот договор е завршена работа и неосновани и нереални се најавите за негова ревизија или поништување по предвремените парламентарни избори закажани на 12 април

ВМРО ДПМНЕ, според СДСМ, се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот за Јавно Обвинителство пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела

За денеска е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот. Од опозициската партија ја потврдуваат средбата, но истовремено нагласуваат дека сама по себе не значи дека ќе има договор со власта за законот. Заев потврди дека ќе разговара и со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство