Browsing: #Шарена револуција

Во 19 часот ќе има протести во Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Радовиш, Ресен и Прилеп. Во 20 часот е закажан протестот во Демир Хисар. Пред час и половина почнаа блокадите на патишта кај беровските села Мојмирово и Мачево

Со водечки транспарент „Младите си отидоа, партијата се вработи“, колоната од демонстранти тргнувајќи од Специјалното обвинителство, ги посети Агенцијата за вработување и Министерството за економија, каде завршија десети балони со боја

Боите на Шарената револуција која се одвива петта недела, завршија врз импровизиран споменик во форма на портрет на Иванов во близина на претседателската резиденција на Водно

Порта Македонија и покрај тоа што веќе одамна е обоена во боите на Шарената револуција, денеска беше додатно мета на балоните со боја а на која симболично беше испишано „Слобода“