Browsing: Шкендија

Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига

Розенборг славеше со 2:0 и на арената „Филип Втори“ со головите на Ховланд во 67. минута и на Региниусен во 84. минута, откако Бесарт Ибраими во 20. минута и Изаир Емини во 49. минута не успеаја да го совладаат гостинскиот голман

„Академците“ ја совладаа Беласица со 2:0 во градското дерби на Струмица со двата гола на Марио Крстовски. Скопските „црвено-црни“ за гол подобри од Ренова во Тетово, шампионот, пак, одигра без голови против Македонија на стадионот во Ѓорче Петров

По убедливите 3:0 на „Ред Бул“ арена во првата средба, австрискиот првак го совлада македонскиот со 1:0 и во реваншот во Скопје за продолжување на патот кон клупската елита на стариот континент. Стрелец на единствениот гол на „Филип Втори“ вечерва беше Андре Рамалјо во 90’+2’ минута. Простор за очајување нема од причина што тетовци ги очекува бараж двомеч со подобриот од Рознеборг и Корк Сити за групна фаза во УЕФА Европа лигата

Тетовци вечерва на „Филип Втори“ арената го совладаа молдавскиот првак со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бесарт Ибраими од слободен удар во 24 минута. Реваншот е во вторник во Тираспол. Победникот од двомечот во третото коло за ЛШ на мегдан со Салцбург, поразениот оди во третото квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник ќе го има подобриот од средбите меѓу исландски Валур и Санта Колома од Андора

Македонскиот првак го декласира ТНС со 5:0 во првиот натпревар правејќи го чиста формалност реваншот на 17 јули на „Парк Хол“ во Освестри. Повремениот репрезентативец се запиша во листата на стрелци во 38. минута, во 53. минута, во 61. минута и во 66. минута, петтиот за тетовци, прв на средбата, беше дело на Изаир Емини во 14. минута

Тетовци се фаворити во вечерашниот дуел на „Телеком арена“ чиј почеток е закажан од 20,15 часот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) апелираат на фер и коректно навивање и на воздржаност од обиди за нарушување на јавниот ред и мир, во спротивно најавија нулта толеранција

За клубот од Тетово ова е второ засилување по завршување на сезоната, откако претходно потпиша договор и со Ремзифаик Селмани. Во меѓувреме Шкендија ги продолжи договорите со дефанзивците Мевљан Мурати, Благоја Тодоровски, со Бесмир Бојку и со напаѓачот Изаир Емини