Browsing: Шпанија

Аргентинецот го симна Андерс Иниеста од вечната листа на најтрофејни играчи по триумфот на Каталонците над Севилја со 2:1 во шпанскиот Суперкуп. Последниот освоен пехар е негов 33. во 13. години колку што е дел од шпанскиот гигант, период во кој освои девет шампионски пехари во Примера, осум во Суперкупот на Шпанија, шест во Купот на Шпанија, четири во Лигата на шампиони и по три во европскиот Суперкуп и на Светското клупско првенство

Во крајбрежниот туристички регион на земјата, Каскаис, во близина на Лисабон, синоќа дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија поради натпросечна употреба на клима-уреди. Неколку часа без струја останаа десетици илјади домаќинства. Денеска и утре во Шпанија и Португалија температурите ќе изнесуваат најмалку 40 Целзиусови степени, а метеоролозите за денеска најавија рекордни 47 степени во централниот дел на Португалија

Поранешниот тренер на Селта, на Барселона и на Рома го презема кормилото по турбулентниот период на националниот тим. На ден до почетокот на СП во Русија отказ му беше враќен на Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид, а по раната елиминација на мундијалот, оставка поднесе и Фернандо Јеро кој беше поставен како привремено решение

Зборнаја“ се пласира во четврт-финале на Светското фудбалско првенство по елиминацијата на Шпанија на пенали (4:3) пришто голманот на домашната селекција ги одбрани ударите на Коке и на Јаго Аспас за огромна радост на трибините на „Лужники арена“ во Москва, но и низ целата земја воопшто

Двата меча од последното коло во групата Б завршија без победник. Иран ремизира со Португалија (1:1), Мароко со Шпанија (2:2) што беше доволно за прогрес на пиринејските селекции во топ 16 фазата. Уругвај во групата А ја совлада Русија со 3:0 додека Саудиска Арабија триумфира над Египет со 2:1 во меч без резултатско значење за обете репрезентации

Португалците го совладаа Мароко со погодок на Кристијано Роналдо во четвртата минута, Уругвај до три бода против Саудиска Арабија со гол на Луис Суарез во 23. минута, Шпанците, пак, славеа над Иран со карамбол реализација што му е припишана на Диего Коста во 54. минута

Пиринејските соседи одиграа 3:3 во олимписко Сочи, ѕвездата на Реал Мадрид го постигна 51. хет-трик во кариерата и стана само четвртиот играч што постигнувал голови на четири мундијали во низа по Уве Зелер, Пеле и Мирослав Клосе

Капитенот на португалската репрезентација, наведуваат медиумите попладнево, на крајот ја прифатил вината и прифатил спогодба со шпанските даночни власти кои го обвинија за оштетување на државната каса за 14,7 милиони евра по основа на затајување на данок