Browsing: Шпанија
Шпанската конзервативна влада соопшти дека пред гласањето се обратила до Уставниот суд
„Фуријата“ во првиот настап во Клуж ја порази Црна Гора со убедливи 99:60, селекцијата на северниот сосед, пак, подобра од шутерски расположената Летонија во Истанбул со 92:82
„Фуријата“ има застрашувачки тим со шест НБА играчи и важи за апсолутен фаворит за златото. Дилеми има многу и се однесуваат на можностите на Србија, на Франција, на Германија, на Италија по многу откажувања како последица на пензионирања или повреди. Од сенка ќе демне и Турција и Израел кои полагаат големи надежи во своите состави
Ѕвездата на мадридски Реал и на португалската репрезентација се бранеше дека не сторил никакво кривично дело и притоа беше духовит кон судијката Моника Гомез Фереира изнесувајќи и детали од приватниот живот. Тој се сомничи за затајување на данок и оштетување на шпанската државна каса за 14,7 милиони евра
Легендарниот плејмејкер дебитира за „фуријата“ на Игрите во Сиднеј и од тогаш освои две континентални титули, една мундијалска и два сребрени медала на Олимпијадите во Пекинг (2008 година) и во Лондон (2012 година)
По Тунис, подобра од „црвено-жолтите“ беше и Шпанија која славеше со убедливи 36:25 во рамки на четвртото коло во групата Ц што за „фуријата“ значи „бетонирање“ на лидерската позиција на табелата, а за составот на Илија Темелковски насочување на дуел со јужноамериканскиот претставник за осминафинале
„Фуријата“ во полуфиналето ја совлада Италија со 3:1, а младите „панцери“ го добија пенал рулетот против Англија со 4:3. Финалето е закажано во петок (20,45 ч.) на стадионот на Краковија во Краков
Поставената мисија за сезоната 2016/17 беше заокружена по триумфот (3:1) на домашен терен над Тенерифе во реванш баражот за пополнување на елитното шпанско фудбалско друштво чиј дел во сезоната 2017/18 ќе бидат и Леванте и Хирона. Во Сегунда се селат Спортинг Хихон, Осасуна и Гранада
Португалскиот фудбалски ас најавил дека во текот на наредната недела ќе исплати 14,7 милиони евра на шпанските даночни обврзници со цел да избегне висока казна, потег што, меѓудругото, се толкува како олеснителна околност при закажаното сослушување на 31 јули
Ефект каков што имаше офанзивниот играч за врска на мадридски Реал против Македонија во Гдиња во минатото забележаа и Гркот Арис Карасавиди против Холандија на ЕП 1988, Швеѓанецот Маркус Берг против Белорусија на ЕП 2009, Шпанецот Тиаго Алкантара против Италија на ЕП 2013 и Чехот Јан Климент против Србија на ЕП 2015
Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч
„Црвено-жолтите“ херои вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Мунисипал“ во Гдиња, Полска во историски настап на една македонска репрезентација на завршен фудбалски самит на континентот
