Browsing: Скопје

Улица „Македонија“, вообичаено главна артерија во централното градско подрачје за променада, и истоимениот централен плоштад се преплавени со луѓе почнувајќи од хотелот „Бристол“, па таму некаде до „Даут Пашин Амам“. Ги има од сите возрасни категории, но, се чини, во атмосферата што е налик на карневалска најмногу уживаат и најсилно бијат детските срца

Вечерашниот пријателски фудбалски меч на „Телеком арена“ е одлична прилика за репрезентацијата со добра игра и резултат да се најави претстојното гостуање на „црвената фурија“ во сабота во Скопје во квалификациите за СП 2018 во Русија