Browsing: Собрание

Известувачот за земјава во Европскиот парламент говори за потребата од организирање на фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа. Ќучук притоа се осврнува и на несогласувањата меѓу Скопје и Софија и најавите за можна блокада на преговорите за членство од страна на Бугарија и повикува заедничката историска комисија да продолжи со својата работа, додека пак политичарите, вели тој, треба да се занимаваат со иднината

Поранешниот пратеник и потпретседател на македонскиот парламент, претпладнево во Кривичниот суд сведочеше во случајот за организаторите на настаните од 27 април во 2017 година

Имаше луѓе од партија кои мораше да ме видат, бидејќи ми помогнаа при вработувањето, па моето присуство требаше да биде како благодарност, рече Антонио Кочков, кој покрај покрај техничкиот премиер Оливер Спасовски, се појави во Кривичниот суд во својство на сведок за настаните во денот пред три години познат и како „крвавиот четврток“. За протестите „За заедничка Македонија“ била креирана група на Вибер

Техничкиот премиер во својство на сведок во Кривичниот суд нагласи дека за предлогот имал поддршка од над десет пратеници, а претседателот на Собранието, по Деловник морал да го стави таквиот предлог на гласањ

Ова го изјави обвинителката Вилма Русковска по денешното сведочење во Кривичниот суд на Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски во случајот за упадот и насилствата во парламентот на 27 април во 2017 година

Пред уставните судии треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба. Мурати во интервјуто за МИА се осврнува и на оспорената владина уредба за намалување на платите на функционерите што предизвика реакции во јавноста

СДСМ е „за“ свикување на Собранието за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во земјата од претседателот Стево Пендаровски, но и како контролен механизам врз работата на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ е „против“, претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, смета дека „парламентот може да заседава само по избори и секој друг начин ќе биде обид за пуч“