Browsing: СП 2018

„Гордиот албион“ на пенали (4:3) ја елиминира Колумбија, откако победник немаше во основниот дел (1:1). Кејн погоди од белата точка во 57. минута за водство на Англичаните, Мина израмни во третата од судиското надополнување. Во пенал рулетот, Пикфорд ги одбрани ударите на Урибе и на Бака, Оспина го „прочита“ единствено Хендерсон. Нареден ривал на Англија е Шведска

„Црвените ѓаволи“ беа на работ на елиминација во дуелот со Јапонија, имаа 0:2 во 52. минута, но Роберто Мартинез ги погоди двете замени што на крај му донесоа пресврт за конечни 3:2 и опстанок на мундијалот во Русија

„Коцкестите“ во осминафиналето ја премостија Данска преку пенал рулет и се најавија како ривали на Русија во топ 8 фаза во сабота на стадионот „Фишт“ во Сочи. Модриќ во 116. минута не успеа да реализира најстрога казна, но голманот на Монако подоцна се покажа како пресуден фактор за прогрес на тимот на Златко Далиќ на мундијалот во Русија

Зборнаја“ се пласира во четврт-финале на Светското фудбалско првенство по елиминацијата на Шпанија на пенали (4:3) пришто голманот на домашната селекција ги одбрани ударите на Коке и на Јаго Аспас за огромна радост на трибините на „Лужники арена“ во Москва, но и низ целата земја воопшто

Напаѓачот на „триколорите“ остави силен впечаток во воведниот натпревар од нокаут фазата на мундијалот. Покрај двострелот, со леснотија ги надмудруваше и претрчуваше противничките фудбалери и влезе во очи на присутните на „Казањ арена“ уште од самиот почеток на средбата што слободно може да ја прогласиме за „убавица“ на турнирот

На отворањето на топ 16 фазата на мундијалот во Русија, „триколорите“ подобри од „гаучосите“ со 4:3) и на 6 јули во Нижни Новгород го чекаат подобриот од вечерашната пресметка меѓу Уругвај и Португалија

Уругвајскиот селектор Оскар Табарез планира директен чувар на португалскиот капитен да биде Годин, а втор човек кој ќе внимава на него ќе биде Хименез. Дуелот меѓу европскиот шампион и јужноамериканската репрезентација е вечерва (20 ч.) во Сочи

„Гаучосите“ не сакаа да препуштат ништо на случајот во подготовките за дуелот со „триколорите“ и на последниот тренинг во репрезентативната база шутираа и пенали. Првиот осминафинален меч на СП 2018 е попладнево (16 ч.) на „Казањ арена“ во Казањ

Летовите од Москва до германските градови овој викенд се пренатрупани, откако избраниците на Јоаким Лев доживеаја понижувачка елиминација уште во групната фаза на турнирот на кој отпатуваа како бранители на титулата

„Кариоките“ триумфираа против северниот сосед со 2:0 за прво место во групата Е и судир со Мексико во осминафиналето. Паулињо погоди во 36. минута, Тиаго Силва во 68. минута за нови три бода за тимот на Тите. Веста на денот од мундијалот во Русија е елиминацијата на светскиот шампион Германија по поразот од Јужна Кореја (0:2)

Абдел Рахим Мохамед, поранешен фудбалер и тренер, беше ангажиран како стручен коментатор на ТВ куќата „Нил спортс“, но возбудата беше преголема за него и по завршување на мечот доживеа мозочен удар. По првата помош што му беше укажана во студио, итно беше префрлен во болница во Каиро, но половина час подоцна беше констатирана смрт