Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СП 2018
Данците со гордост се навраќаат на времето на Петер Шмајхел, браќата Лаудруп, на Ким Вилфорт и генерацијата која во 1992 година стана од плажа, буквално без подготовки замина на ЕП во Шведска како замена за Југославија и ја освои титулата
За нив ова ќе биде петто учество на мундијалите, четврто во низа по дебито во 1974 година. Најдобриот ефект го имаа на турнирот во Германија во 2006 година на кој играа во осминафиналето, фаза во која загубија од, тогаш, идниот шампион, Италија со гол од пенал на Франческо Тоти во 95 минута
На СП 2006 се прославија негативно со деветте жолти картони и двата црвени во мечот со Холандија
Најголемиот успех го архивираа во Мексико во 1986 година кога играа осминафинале во што не успеаја и во Франција и покрај победата, ремито и поразот во групната фаза
„Персиските ѕвезди“ по петти пат ќе учествуваат на мундијалите на кои никогаш досега (СП 1978, СП 1998, СП 2006 и СП 2014) ја немаат минато групната фаза. До претстојниот стигнаа без примен гол во 12 квалификациски меча
Претстојниот мундијал ќе биде голем тест за селекторот Хулен Лопетеги и ѕвездениот состав на „црвената фурија“ што по дифолт важи за фаворит каде и да се појави
Египќаните ја имаат најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите
Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето
„Зелените соколи“ важат за едни од најголемите аутсајдери на претстојниот мундијал. Низ квалификациите ги водеше Холанѓанецот Берт ван Марвајк, два месеци во подготвителниот период на кормилото се задржа Аргентинецот Едуардо Бауза, а на клупата на завршниот турнир ќе биде неговиот сонародник Хуан Антонио Пици
„Зборнаја“ стана европски шампион во 1960 година и заврши како четврта на мундијалот во 1966 година. Оттогаш без позабележителни резултати на големите фудбалски смотри, а на претстојната ќе биде и најслабо рангиран тим од сите 32 селекции
Ова е заклучок од истражувањето на швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ (УБС) врз основа на програма што нејзините аналитичари ја користат при предвидувања за движење на цените на светските економски пазари. Шансите за победа на турнирот што притоа ги добија „панцерите“ изнесуваат 24 отсто или за 4,2 отсто повеќе од Бразил на второто место и 7,9 отсто повеќе од Шпанија на третото место
Бразилскиот селектор, но и тамошната јавност, е во очекување дека напаѓачот на „светците“ ќе успее да се рехабилитира до почетокот на турнирот по скршеницата на метатарзалната коска на стопалото што ја здоби во мечот во рамки на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј во февруари