Browsing: список

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација објави список со 23 играчи за октомвриските мечеви во квалификациите за ЕП 2020. Неизвесен е настапот на Енис Барди, поради повреда воопшто го нема Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи поради жолти картони ќе може да игра на гостувањето во Варшава, а во националниот тим се враќаат Стефан Ристовски и Кристијан Тошевски

Покрај нив двајца, на скратениот список на селекторот за СП 2019 ги нема и Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Јане Цветковки и Мартин Мишевски. Почетокот на подготовките е закажан за понеденик во Скопје

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија објави списокот со 21 играч за претстојните дуели со Лихтенштајн во Скопје (13 октомври) и со Ерменија во Ереван (16 октомври) во Лигата на нации на УЕФА (Д дизивија). Во националниот тим се враќаат Аријан Адеми, Ферхан Хасани и по подолго време Дамјан Шишковски. Собирот е закажан во понеделник во Скопје. „Црвено-жолтите“ се лидери во четвртата група по септемвриските победи по 2:0 над Гибралтар и Ерменија

Бразилскиот селектор, но и тамошната јавност, е во очекување дека напаѓачот на „светците“ ќе успее да се рехабилитира до почетокот на турнирот по скршеницата на метатарзалната коска на стопалото што ја здоби во мечот во рамки на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј во февруари

Селекторот Оскар Рамирез објави списокот со патници за мундијалот во Русија (14 јуни-15 јули) што за разлика од дел од неговите колеги е скратен и конечен. Покрај чуварот на мрежата на мадридски Реал, внимание привлекуваат и Брајан Руиз, клупски колега на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон, и Џоел Кемпбел од Арсенал

Предводникот на генерација која го постигна најголемиот македонски репрезентативен успех со пласман на ЕП 2016 останува на кормилото на младата селекција до ЕП 2019. Притоа објави и список со 22 играча за дуелите со Србија (6 октомври во Скопје) и со Гибралтар (10 октомври во Португалија) меѓу кои за првпат е голманот на Оклахома од САД

Меѓу повиканите 21 играч ги нема Јевтовски кој е без ангажман, Доријан Бабунски и Калвин Н’Сонго кои се без минута во своите клубови и Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои се повикани од Игор Ангеловски во сениорскиот тим за дуелите со Израел и со Албанија во квалификациите за СП 2018