Browsing: Суд

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација, досега има донесено шест пресуди против Северна Македонија, а во меѓувреме постапува и по предметите за Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски

За денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано првото рочиште за предметот што беше отворен во јули оваа година. Првоосомничени во случајот се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, како третоосомничена е обвинителката Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. Pроширената истрага што следуваше, а која се однесуваше за перење пари, измама и помагање во измама, опфатија уште четири лица – Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски и Христина Блажевска. Истрагата ја води обвинителката Вилма Русковска, а согласно АКМИС електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска – Масевска

Дали претседателот на судот Ифет Бајрамовски со потегот да му остави на Мерко 10 милиони евра за работа, а при тоа да не постои начин за елиминација на општинските долгови придонесува за полош живот на своите сограѓани во иднина, а во подредена положба ги става и фирмите кои не можат да ги наплатат долговите