Browsing: сведочење

Покрај модниот стилист, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеа и Марија Јанковска, сопственичка на оптика, и Алекс Куртов, сопственик на галерија, но не и Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски кои беа повлечени од одбраната

Водителката тврди дека најпрвин по барање на Боки 13 дала донација од 20.000 евра за 1ТВ, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата, а потоа следела и позајмица од 500.000 денари

Јавниот обвинител на денешното рочиште за случајот „Рекет“ посочи дека поранешната шефица на СЈО се обратила до него со такво барање бидејќи „станот во Скопје бил веќе продаден на нејзина пријателка и дека со „замрзнувањето“ би се нанела штета на купувачот“

Со сведочењето на Христијан Баневски, новинар во поранешната „1 ТВ“, завршија рочиштата во случајот „Рекет“ за оваа година. Наредното е закажано на 3 јануари со сослушување на сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Елизабета Јосифовска

Министерот за внатрешни работи, на новинарско прашање, одговори дека имал, како што рече, два-три службени контакти со првообвинетиот во случајот „Рекет“ што се однесувале на негови пријави за упад во електронскиот систем на телевизијата, но дека немало никакви други контакти со него или со било кој друг вклучен во криминални активности

Ана Камчева, во својство на сведок во случајот „Рекет“, посведочи дека парите што таа требало да му ги однесе на Јовановски, во сума од 350.000 евра, ѝ ги донела нејзината свекрва Ратка во несесер. Исказ како сведок даде и Мирјана Бошковска Мими, сметководителката на Орце Камчев. Тврдеше дека на трипати во декември 2018-та извадила околу 22 милиона денари, а потоа во февруари уште 38 милиони денари од приватните сметки на Ана Камчева и на Ратка, мајката на Орце. Според нејзиното сведочење, 80 отсто од парите што таа му ги предала на Камчев биле во апоени од 50 евра. Парите ги предала во две спортски торби, едната поголема, а другата помала.Кога ги предала, во двете спортски торби имало 710.000 евра. Следното рочиште е закажано на 25 декември со нови тројца сведоци

Сведокот Дејан Трајковиќ, кој од 2012 година од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди“ за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да и каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ и пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати

Според денешното сведочење на Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, второобвинетата во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 побарала повлекување на гаранцијата од над 14 милиони евра во замена на мерката притвор во куќен притвор

На последното рочиште, што се одржа на 6 декември, сведочеше Јордан Камчев, кој во повеќе наврати рече дека обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Но, бизнисменот притоа откри и други лица и сподели многу информации

Приведените ги отфрлиле обвиненијата за киднапирање и пред на сослушувањето рекле дека сакале да извршат притисок врз македонскиот државјанин за враќање на долг. Двајца од нив завршија во притвор, а третиот ќе се брани од слобода