Browsing: тенис
Швајцарецот го откажа учеството на тенискиот турнир од Мастерс серијата 1000 на канадска почва со цел да заштеди енергија пред најважните турнири во сезоната
Српскиот ас во финалето на неофицијалното светско тениско првенство го совлада Кевин Андерсон со 6:2, 6:2, 7:6 за вкупно 13. гренслем трофеј во кариерата и од утре ќе биде деветти рекет во светот
Шпанскиот тенисер планира да мине моменти во опуштена атмосфера меѓу триумфот над Весели во осминафиналето и обврската во четврт-финале. Па, меѓу нив и вечерашното мундијалско полуфинале во Русија меѓу Франција и Белгија
Српскиот тенисер во осминафиналето славеше над Русинот Кирил Хачанов со 6:4, 6:2, 6:2, Шпанецот, пак, подобар од Чехот Јан Весели со 6:3, 6:3, 6:4. Дуелот со Адриен Манарино од Франција беше само лесен тренинг за швајцарскиот ас кој триумфира со 6:0, 7:5, 6:4
Шпанскиот тениски ветеран го бележи 66. настап на турнирите од големата четворка во кариерата. Моментно се наоѓа на 70. место на АТП ранг листата и нема пропуштено учество во Мелбурн, во Париз, во Лондон и во Њујорк од 2002 година. Водечки во оваа статистичка категорија досега беше Роџер Федерер
Швајцарецот излезе на централниот терен на „All England Club“ во маичка и гаќички од палетата на јапонскиот производител, но и во патики на „Најк“ бидејќи компанијата со седиште во Токио засега ги нема во својата понуда
Шпанецот во финалето го декласира Австриецот со 6:4, 6:3, 6:2 за одбрана на тронот во Париз и воедно 17. гренслем титула во кариерата. Трофејот на женскиот турнир го однесе Романката Симона Халеп која во финалето ја совлада Слоун Стивенс од САД со 3:6, 6:4, 6:1
Одличниот Италијанец славеше со 6:3, 7:6, 1:6, 7:6 за најголем скалп во неговата кариера и за место во големото финале ќе игра со Доминик Тим од Австрија. Женскиот дел од турнирот носи американско полуфинале меѓу Киз и Стивенс кои во петтите настапи во Париз беа подобри од Путинцева, односно, Касаткина
Американката со 7:6, 6:4 ја елиминира Кристина Плишкова од Чешка, Белорусинката, пак, загуби од Синијакова со 5:7, 5:7
Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Александар Зверев со 6:1, 1:6, 6:3 за осма титула во италијанскиот главен град, но и за враќање на лидерската позиција на АТП листата. Утре почнува вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос
Првиот српски рекет во два сета го елиминира шпанскиот ривал (6:1, 7:5) и за првпат во 2018 година се пласира меѓу осумте најдобри на некој турнир
Британецот Кајл Едмунд беше подобар од најдобриот српски тенисер во моментот со 6:3, 2:6, 6:3 и во наредното коло ќе игра со Давид Гофан од Белгија