Browsing: тенис

Шпанецот останува на плус 100 бода од Роже Федерер на второто место. Непроменета е позицијата и на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, кој во Барселона беше елиминиран од Мартин Клижан во првото коло, и натаму е 12. светски рекет. 

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

Промената на лидерската позиција дојде како резултат на губењето на бодови на Роџер Федерер по раната елиминација од Танаси Кокинакис од Австралија во второто коло на Мастерсот во Мајами, па Шпанецот има 100 бода повеќе од Швајцарецот. Романката, пак, навлезе во 22. недела на владеење во женскиот тенис

Американката во финалето на Мастерсот во Мајами ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 7:6, 6:1 за нешто повеќе од еден час игра пришто што имаше голема помош од грешките на актуелната освојувачка на Ролан Гарос

Аргентинецот, рано утринава, во четврт-финалето го совлада Доминик Тим со 6:2, 7:6, а Германецот претходно триумфира над Рајан Харисон од САД со 6:4, 6:1. Втората полуфинална двојка со оформија Кевин Андерсон и Џеред Доналдсон

Обожува италијански, индиски и јапонски ресторани, а преку зима фонди, т.е. топено сирење и рацлет што е едно од најпознатите швајцарски јадења. По завршување на активната кариера сака да остане во сферата во која ја стекна сета слава, а кога би можел да влезе во временска машина би сакал да игра против Бјерн Борг

Српскиот ас отсуствуваше од тениските терени во втората половина на 2017 година. Се врати на Австралија опен со надеж дека проблемот е минато, но болките, сепак, беа присутни и во Мелбурн, па мораше да се подложи на, како што вели, мал хируршки зафат во клиника во Мутенц во Швајцарија