Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: тенис
Швајцарецот во финалето беше убедлив против големиот ривал Рафаел Надал и славеше со 6:4, 6:3 со што ја прекина низата од 16 победи на Шпанецот и се израмни на вечната листа со легендарниот Иван Лендл
Шпанецот во полуфиналето славеше против Марин Чилиќ со 7:5, 7:6 во меч што траеше два часа и 12 минути за 16 победа во низа на АТП турот. За титула ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро
Шпанскиот ас, моментно водечки на АТП листата, за 63 минути го „реши“ Фабио Фоњини со 6:3, 6:1 за 14 триумф во низа и нареден дуел против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот, пак, остана 60 минути на централниот терен во Шангај колку што му требаа за елиминација на Александар Долгополов од Украина со 6:4, 6:2
Според пишувањата на магазините „Штерн“ и „Бунте“, покрај недвижности, во процесот се вклучени и три титули од Вимблдон, две од Австралија опен и една од Ју-Ес опен, а конфискувани се и четири скапоцени часовници со вкупна вредност од 50,000 американски долари
Данската тенисерка ќе биде дел од турнирот на најдобрите осум во сезоната благодарение на одбранетата ВТА титула во Токио во седмото финале во 2017 година. Учеството претходно го обезбедија Мугуруза, Халеп, Ка. Плишкова, Свитолина и В. Вилијамс
Најдобриот македонски рекет, до наредното рангирање, ќе биде на 228. место во светот во поединечна конкуренција и на 225. во двојки
Данската тенисерка во финалето на турнирот во Јапонија ја совлада Анастасија Пављученкова од Русија со 6:0, 7:5, Летонката, пак, во Јужна Кореја беше подобра од Беатрис Хадад Маја со 6:7, 6:1, 6:4
Експериментот на Асоцијацијата на тениски професионалци е најавен за настанот во Милано од 7 до 11 ноември. На мечевите ќе има главен арбитар, а секој поен ќе биде следен од новата, напредна, генерацијата на системот „око соколово“
Белгиските тенисери, во полуфиналето во Брисел, ја совладаа Австралија со 3:2, „триколорите“ со 3:1 ја елиминираа репрезентацијата на Србија која во Лил отпатува без Ѓоковиќ, Типсаревиќ и Троицки
Шпанскиот тенисер во финалето го порази Кевин Андерсон со 6:3, 6:3, 6:4 за трета титула на Ју-Ес, вкупно 16. на гренслем турнирите во неговата кариерата, но и убедливо водство на најновата АТП ранг листа
Девојката од Флорида во сеамериканското финале во Њујорк, прво од 2002 година (сестрите Вилијамс), ја порази сонародничката Медисон Киз со 6:3, 6:0 за прва гренслем титула во нејзината кариера, но и за испишување на една од најубавите спортски приказни во 2017 година
Стивенс во полуфиналето ја елиминира искусната Венус Вилијамс со 6:1, 0:6, 7:5, а Киз за 68 минути ја совлада Коко Вандевеј со 6:1, 6:2. Вечерва на гренслем програмата во Њујорк и машките полуфинални дуели Андерсон – Карено Буста и Надал – Дел Потро