Browsing: тенис

Судијката Кристина Дерет го отфрли барањето на правниот тим на легендарниот германски тенисер и одби да даде рок од дополнителни 28 дена за покривање на долг кон приватната банка „Арбутнот Лејтам“ од четири милиони евра што датира 2015 година

Првата Летонка со гренслем титула во финалето славеше над Симона Халеп со 4:6, 6:4, 6:3 и по нешто повеќе од два часа игра пред распродадените трибини на „Филип Шатрие“ ја наследи Гарбине Мугуруза на тронот

Деветкратниот победник на Отвореното тениско првенство на Франција во полуфиналето го порази Доминик Тим со 6:3, 6:4, 6:0 и во недела ќе игра против Стен Вавринка за детронизирање на Новак Ѓоковиќ. Во женското финале утре ќе играат Романката Симона Халеп и Летонката Јелена Остапенко

Најдобриот светски рекет во моментот по вторпат во кариерата го совлада Мартин Клижан, овојпат со 6:7, 6:2, 6:2, 7:6 и во третото коло ќе игра против 29 носител, Хуан Мартин дел Порто. Чешкиот тенисер загуби од Карен Качанов од Русија, а темпераментниот Австралиец од Кевин Андерсон

Франко Ливи има 27 години, по потекло е Италијанец и важи за најбаран спаринг партнер во светскиот тенис. Интересот е особено голем кај тенисерите поради фактот дека е леворак играч кој во нивните подготовки на тренинзите го заменува Рафаел Надал. На Ролан Гарос за првпат работеше со Ѓоковиќ под водство на Агаси. Работел со многу колеги, но никогаш со Роџер Федерер