Browsing: тенис
Германката ја потисна Серена Вилијамс на најновата ВТА ранг листа за што во прилог и беше Мастерсот во Мадрид и породилното отсуство на американската колешка. Најдобриот македонски рекет е на 180 позиција со 300 бода пред настапот во квалификациите за Ролан Гарос
Романската тенисерка во финалето ја совлада Кристина Младеновиќ од Франција со 7:5, 6:7, 6:2. До 15. трофеј во кариерата стигна по два часа и 44 минути игра
Рафаел Надал го прекина тригодишниот пост против Новак Ѓоковиќ и го победи со 6-2, 6-4 за да се квалификува во…
Со радикалниот потег на српскиот тениски ас се опфатени тренерот Марјан Вајда, кондицискиот тренер Гебхард Грич и физиотерапевтот Милјан Амановиќ кој е воедно и негов кум. Новиот тренер сè уште е енигма, на претстојните турнири ќе патува со поддрша од семејството и менаџерот
Зголемувањето во однос на ланското издание е за 12,5 отсто. Победниците во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2,2 милиона фунти
Швајцарецот има одлични резултати во првиот квартал од 2017 година. Триумфира на Австралија опен и ги освои Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. Паузира од почетокот на април и полни батерии за настапите во Париз
Најдобриот македонски рекет во првата недела од мај ќе биде 182 во светот благодарение на одличните настапи на фјучерсот во Тунис. Напредок бележи и во конкуренција на двојки
Откако неодамна по десетти пат славеше во Монте Карло, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по десетти пат го освои и турнирот…
Тогашната репрезентативка на Југославија беше нападната од Гинтер Парх со нож. Тенисерката беше прободена во горниот дел на грбот и направи рана со длабочина од 1,5 сантиметри. Германецот беше осуден, но не лежеше поради констатирана непресметливост. Две години беше под психијатриски надзор, а Селеш ја заврши кариерата
Доминик Тим го елиминира Британецот со 6:2, 3:6, 6:4, Шпанецот, пак, беше убедлив против Зебалос од Аргентина со 6:3, 6:4
Шпанецот во финалето во Монте Карло загуби само четири гема во дуелот со сонародникот Алберт Рамос Винолас 6:1, 6:3 за јубилејна победа на турнирот во Кнежевството, прва во 2017 година и вкупно 70 во кариерата. Десетка ќе „лови“ и во Барселона наредната недела, а потоа и на Ролан Гарос
Шпанецот во два сета по 6:4 го елиминира Диего Себастијан Шварцман како нова потврда за добрите настапи на еден од неговите омилени турнири во сезоната на земја. Финале на Мастерсот ќе брка низ дуел со Давид Гофан