Browsing: тестови

По пријава на хотелот во кој престојувале, епидемиолози од Центарот за јавно здравје Скопје од двете лица претпладнево земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба во која гостите останаа до добивање на резултатите. Попладнево ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата

Тестот кај едното покажа негативен резултат, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира министерот за здравство, Венко Филипче

Се исклучува психолошкиот тест како услов за идентификувања на психолошката состојба и можноста за работа на одредено работно место, затоа што во Македонија се уште не постојат агенции, ниту стандардизирани тестови што можат за секое работно место да ја утврдат состојбата