Browsing: Тетово

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на синоќешната трибина „Агенда Воздух 20-24“ во Тетово упати повик и до опозицијата, граѓанскиот сектор и академската заедница за заеднички договор за „зелена“ платформа

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во воениот конфликт во 2001 година беше целосно опожарен, а сега е претворен во вистински рај. Над него распукала прекрасната Шара, а под ова духовно светилиште и од неговата лева и десна страна се наоѓаат илјадници домови, каде живеат семејства од муслиманска вероисповед. Иако од различна вероисповед, велат дека манастирот им е прв сосед каде можат да се обратат за било каква помош

 Асеизмичкото проектирање или инжинерството на земјотреси е нова технологија или нова наука, бидејќи порано требаше да се случат земјотреси, за да знаеме во која категорија на трусно подрачје припаѓа некоја земја или град. Нашиот регион односно нашата земја има подрачје каде може да се случи земјотрес и по 9 степени според МКЗ односно Меркелиева скала, тоа се Пехчево, Валандово, Скопје Охрид, Дебар и дел од Полог. Во другите места во Македонија може да има и 8 и 7 степени според оваа скала и 6 во еден мал дел кај Скопска Црна Гора.

Старо-новиот водач на партијата пред присутните делегати истакна дека политичкиот субјект на чие чело останува во наредниот период ќе се залага за имплементација на Договорот за името со Грција кој, како што рече, е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските интеграции.