Browsing: Црна Гора

Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ земјата

Со изгласаната законска рамка се овозможува партнери од ист пол да може да склучуваат бракови, меѓусебно да се наследуваат едни, да поседуваат заеднички имот, да имаат право на пензија и на социјално осигурување, заеднички да се грижат за деца, обврска за грижа кон дете на парнерот, но нема конкретна одредба за можноста за посвојување на деца

Законот кој беше донесен кон крајот на минатата година предвидува дека верските објекти изградени или стекнати од јавни приходи до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици

Црногорците славеа над Србија со 22:21 и останаа во игра за топ 12 на турнирот. Немања Грбовиќ со 5 гола од пет обиди и Милан Божовиќ беа најефикасни црногорски ракометари во премиерната победа на нивната селекција на Европските првенства. Шпанија убедливо ја порази Германија со 33:26 во судирот на шампионските репрезентации од последните две Европски првенства, актуелниот светски првак, Данска загуби од Исланд со 30:31

Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава

Конечни 2:1 за избраниците на Благоја Милевски во Подгорица за преземање на лидерската позиција во групата 6 со 6 бода колку што има и Шпанија. Двоен стрелец беше Јани Атанасов во 14. минута и во 33. минута од пенал. Младата селекција во вторник ќе игра и со Казахстан во Скопје