Browsing: Влада

Раководства на дел од ТВ куќите засега без одговор по ова прашање, освен дека потегот го образложуваат со „уредувачка политика“ и нагласуваат оти не станува збор за бојкот. Владата се произнесе по новонастанатата ситуација и неофицијално потврди дека е има проблем во комуникацијатам, без да прецизира од каква природа е, меѓутоа разликите ќе се пеглале со дијалог

Кабинетот на премиерот Педро Санчез побара ратификација на документот по итна постапка имајќи предвид дека неговата земја е последна од 29-те членки на Алијансата што го нема тоа направено

Околу 32 милиона евра Владата од државната каса пренесе на сметката на Национални енергетски ресурси (НЕР) со кои треба да се откупат акциите што Макпетрол ги има во ГА-МА за компанијата да премине во целосна државна сопственост и крај на деценискиот спор

Поништени се решенијата за разрешување од должност и именување на в.д. директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, во Битола, во Пробиштип, во Валандово, во Прилеп и во Радовиш

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во врска со односите со техничкиот министер, Наќе Чулев изјави дека се коректни, најголем дел од несогласувањата се надминати, но, сепак, останува на ставот за поднесување на кривична пријава

Демократската партија на Албанците (ДПА) и досега беше дел од владиниот кабинет преку поранешниот пратеник Бардиљ Даути кој ја извршуваше функцијата министер без ресор за странски инвестиции

Ова го покажува анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и споредено со истражувањата во 2017 година и лани, речиси секаде се бележи пад или стагнирање во активното користење на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и државните институции во ера на дигитализација. Претседателот е присутен на Фејсбук, на Твитер и на Инстаграм

Владата на денешната 174 редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на договорот со НАТО што ќе биде проследен до пратениците. По усвојување на документот и негова објава во „Службен весник“, ќе биде испратен во Вашингтон и ќе стапи во сила штом и Шпанија го ратификува Протоколот за македонско членство во Алијансата