Browsing: Влада

Стручните лица од Клиниката за психијатрија, кои работат на поддршката на граѓаните, потенцираат дека физичката изолација не треба да се идентификува со социјалното дистанцирање и оти и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа

Ако има таква препорака од Комисијата за заразни болести, би ги прифатиле уште на денешната седница на Владата, рече премиерот во денешниот разговор на „Слободна ТВ“

Според економистите – со почетокот на април започнува и војната на економијата против коронавирусот во анализата на portalb.mk. Сите се едногласни дека се потребни итни и применливи мерки за амортизирање на ударот. Јасно е дека во периодот што претстои граѓаните и компаниите ќе се соочат со нарушена ликвидност – неможност навреме да ги плаќаат кредитите, сметките за комуналии, ќе се намали јавната потрошувачка, а тоа ќе се рефлектира директно во економијата

Тема, како што може да се види од материјалот што излезе во јавност, е враќањето на македонските државјани од странство и нивно сместување во задолжителен државен карантин.Делот од пораките на Мицкоски, како „срамота“, „лопови“, „ја пљачкате и уништувате државата“ и „добивање провизии“, се оквалификувани како „неосновани обвинувања и притисоци врз генералниот секретар Рашковски и кон луѓето кои го организираат авионскиот и автобуски превоз“