Browsing: време

По две лица поќинаа во Франција и во Шпанија и три во Италија. Во Шпанија беснеат и пожари што уништија голема површина. Најголем дел од нив се ставени под контрола, но не и огнените стихии во Толедо и во Мадрид

На ниво на континентот, 84 проценти од испитаниците се изјаснија против менување на времето во летно или во зимско како што беше до 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти се „ЗА“ зимско сметање на времето

За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но и ниски утрински температури со умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во благ пораст, а од средината на наредната седмица ќе има и позначително зголемување

Од аеродромот „Скопје“ попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Меминген. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот