Browsing: Врховен суд

Од скопското Обвинителството информираат дека кон крајот на 2018 година тој донел поединечни решенија за додаток на плата за месец ноември за сите судии на Врховниот суд, освен за една судијка со што и го скратил правото на 31.189 денари, иако не користела отсуство од работа во наведениот период. Против Вангеловски во меѓувреме има и предистрага од Обвинителството за предметите што неговиот наследник на функцијата ги пронашол во фиока за што Нова ТВ пишуваше во јануари оваа година

Според опозицијата, снимките покажуваат дека Заев договарал одлуки со Врховниот суд и бил во тесна и блиска соработка со Катица Јанева. Лидерот на СДСМ, пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи конструкција и тврди дека се борел предметите да добијат правна разрешница, нагласувајќи дека таа била загрозена, а за тоа се слуша и во објавениот разговор

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30-ти јуни, 2017-та обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо

Во моментот на примо-предавање на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не. Таквата состојба ја изнесов на Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет, вели в.д. претседателот на Врховен суд, Фаик Арслани

Изјавата на претседателот на Судскиот совет следи по пишувањето на Нова ТВ за алармантната состојба во Врховниот суд каде се криеле предмети при што некои застареле, а некои одново ќе се реферираат

Некои застареле, некои одново ќе се реферираат. Предметите на суспендираните судии Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска се прераспоредени кај судијката Цветанка Периќ. Сите овие теми биле отворени на последната седница на Одделот за казниви дела во Врховниот суд во октомври

Во големиот судски процес за велепредавство и суспензија на уставот во 2007 година, на Мушараф му се судеше во отсуство, а пресудата ја дочека во тешка здравствена состојба во болницата во Дубаи