Browsing: ВТА

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода). Шпанецот, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната

Русинката во финалето во Кина ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со 7:5, 7:6. Поранешната прва дама на светскиот тенис имаше големи негативи во двата сета. Во првиот со 1:4, во вториот и со 1:5, но собра сили за пресврт и голема победа на крајот и за 36 трофеј во кариерата

Данската тенисерка ќе биде дел од турнирот на најдобрите осум во сезоната благодарение на одбранетата ВТА титула во Токио во седмото финале во 2017 година. Учеството претходно го обезбедија Мугуруза, Халеп, Ка. Плишкова, Свитолина и В. Вилијамс

Шпанецот ја презеде лидерската позиција од Енди Мареј, кој ги пропушти турнирите во Монтреал и во Синсинати, и ја започна 141 недела во кариерата како најдобар светски тенисер. Плишкова остана број еден кај девојките благодарение на триумфот на Мугуруза на Мастерсот во Охајо

Шпанската тенисерка едноставно беше немилосрдна кон Романката нанесувајќи ѝ го еден од најтешките порази во кариерата. Шампионката на Вимблдон загуби само еден гем во меч што се најавуваше и очекуваше да биде неизвесен и со три сета, а траеше само 56 минути, за конечни 6:1, 6:0

Во примерок на урина на италијанската тенисерка се најдени траги на Аримидекс, препарат што во медицината се користи за пост-менопаузен карцином на дојка, а во тенискиот свет се смета за стимуланс и метаболички хормон

Чешката тенисерка беше подобра од Каролина Возњацки со 6:3, 6:4 во финалето на „Ериксон опен“ во Шведска, Италијанецот славеше на турнирот во Швајцарија по победата над Јаник Ханфман со 6:4, 7:5, а Аргентинецот го понесе трофејот од Германија, откако триумфира на Флоријан Маер со 6:4, 4:6, 6:3