Тенис: Ферер со трофеј во Бастад, Ирина Бегу во Букурешт

Шпанецот за, речиси, час и половина го совлада Александар Долгополов со 6:4, 6:4 во финалето во шведскиот град за прв АТП трофеј по Виена во 2015 година, Романката, пак, подобра од Гергес со 6:3, 7:5 во мечот за титулата во романската престолнина

Квалификации за Ролан Гарос: Ѓорческа против Лемон на стартот

За најдобриот македонски рекет ова ќе биде трето гренслем искуство по Ју-Ес опен и Австралија опен, прво на париската прашина. На тенискиот комплекс во Париз, според костурот, ќе дебитира во среда. Подобрата во второто коло ќе игра со победничката од дуелот меѓу Каи Ченг Чанг од Кинески Тајпеј и Британката Тара Мур

ВТА Мастерс во Рим: Трета титула за Свитолина во 2017 година

Украинката во финалето во италијанскиот главен град ја совлада Симона Халеп со 4:6, 7:5, 6:1 како најава за добрата форма на земјена подлога пред Ролан Гарос. Во машкото финале попладнево ќе играат Ѓоковиќ и Александар Зверев

Тенис: Свитолина и Халеп за титулата во Рим

Украинката ќе игра четврто ВТА финале во 2017 година во кое ќе атакува и на четврта титула, откако Мугуруза го предаде полуфиналето по само 22 минути игра. Романката, пак, ја елиминира Кики Бертенс со 7:5, 6:1

Тенис: Шарапова без покана за Ролан Гарос, ВТА во нејзина заштита

Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци