НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Техничка влада – да, милитаризација на МВР – не!

0
By Нова ТВ on December 30, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: telma.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Уставот спорен е предлогот за технички министер, но спорно е и мешањето на Баталјонот за специјални намени „Волци“ во политика и меѓупариски консултации. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи (МВР), покрај спротивноста на тој предлог со членот 97 од Уставот, изнесе на површина и други слабости. Медиуми објавија дека поддршка на предлогот за Ковачки наводно дал и Баталјонот за специјални намени „Волци“ со писмо испратено до редакцијата на „Курир“. Писмото потпишано „од поранешни и сегашни членови на Баталјонот за специјални намени ‘Волци'”, го отвори прашањето – како тоа единици на Армијата се инволвираат во политика и меѓупариски консултации?

Од Генералштабот (ГШ) на Армијата за „Дојче веле“ изјавија дека не се уверени оти писмото е испратено од „Волците“, имајќи ги предвид уредбите кои го регулираат начинот на комуникација со јавноста.

„Овластувањата, начинот и одговорностите за комуницирање со јавноста на припадниците на Армијата најпрецизно се регулирани со ‘Правило за односи со јавноста во Армијата'”, велат од ГШ.

Во тие правила кои се донесени на крајот од 2016 година, се уредени сите меѓусебни односи меѓу Армијата и медиумите за точно, објективно и навремено информирање на домашната и меѓународната јавност за активностите кои се извршуваат во Армијата. Во „Правилата” точно е прецизирано и кои лица имаат примарна одговорност за комуникација со медиумите. Овластување за директно комуницирање со медиумите има началникот на ГШ на АРМ, а со негово овластување таква можност има и портпарол на Армијата задолжен за директна комуникација со медиумите. Началникот на ГШ може да го овласти и кој било припадник на АРМ за комуникација или настап во медиумите за точно одредени активности, врз основа на претходно доставено барање од медиумите, а комуникацијата со медиумите се остварува по претходни консултации.

Преседани и „преседани“

Според ова, се друго што без овластување и консултации е презентирано за медиумите, се смета за манипулација со јавноста, како што за манипулација ги сметаат и страници на социјалните мрежи кои лажно се претставуваат како страници на одредени армиски единици. Запрашани за ваквато инволирање на армиски единици во политиката, од Кабинетот на претседателот на државата, кој е и врховен командант на Армијата, кусо одговараат:

„Нашата Армија е една од ретките институции од независноста до денес, чија репутација меѓу граѓаните не е исполитизирана, а така треба и да остане“

Дали? – Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во контекст на кадровскиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ потсетува токму на случаи, кога кадри на безбедносни институции беа посочени како инволвирани во настани од блиското минато.

„Агенцијата за разузнавање беше вклучена во тешките политички настани. И во „Диво насеље“ и во немилите настани на 27 април во 2017 година имаме прекомандувани кадри од АРМ во Агенцијата за разузнавање”, потсетува Трајанов.

Вели дека кадарот кој го предложила ВМРО-ДПМНЕ можеби е добар за Генералштабот, но треба да се има предвид зошто Уставот не предвидува активно униформирано лице да биде на чело на МВР.

„Тоа е милитаризација на МВР и може да имаме проблеми во идната интеграција и на Армијата и на полицијата. Се повикуваат на некои преседани, но сепак никој од униформираната полицијата не станал министер во МВР”, изјави Трајанов.

Се чека на нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ вчера соопшти дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот, и дека партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи.

„Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција. Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства. Не може да се повикувате на право, а да промовирате предлози спротивни на Уставот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата ја ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и на одговорноста што ја има со влезот во преодната Влада за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. Од СДСМ потенцираат дека до 3 јануари има доволно време да се постигне согласност. Премиерот Заев, како што самиот соопшти, Нова година ќе ја дочека во Германија, што значи дека евентуално нови консултации меѓу него и Мицкоски би требало да се реализираат денес.

ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки МВР министер предлог СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.