Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теневски: И членовите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Зврлевски

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот генерален директор на Јака Табак а.д. Радовиш и донатор  на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Теневски, денеска реагираше на објавата на партијата за побараната оставка од Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Не, господине Груевски, и членовите на ВМРО ДПМНЕ бараат оставка од јавниот обвинител Марко Зврлевски. Престанете со вашите налудничави барања и реакции во името на поголемиот дел од членството на ВМРО ДПМНЕ, туркајќи не во омраза, срам и криминал заради твојата нескротлива алчност и злоба, туркајќи не сите нас по работ на пеколот сѐ подалеку од нашите сограѓани желни за слобода и правдина. Господине Груевски, вие не сте наш лидер одамна веќе, од моментот кога ги изневеривте нашите реални очекувања за една подобра и посреќна Македонија. Вие сам го избравте патот кон пеколот во кој неоправдано не туркате и нас самите, создавајќи општество на поробени граѓани, измачени од секојдневната тортура на фашизоидните криминални институции кои ги создадовте токму вие, да ви служат само вам и на вашата мала злосторничка дружина. Доста е!“, пишува Таневски во реакцијата.

Тој вели дека јавниот обвинител Марко Зврлевски мора да си даде оставка,

„Мора да си даде оставка, не само заради моралните причини кои се составен дел на неговата функција и барањето на граѓаните за вистинска реформа на криминалниот правосуден систем, туку и поради Вас и неговиот обид да Ве заштити во низата злосторнички дела кои ги сторивте и ја доведовте државата на работ на пропаста. Господине Груевски, престанете со вашите лажни обвинувања кон чесните и морални граѓани на оваа наша татковина, зошто токму Вие, како лидер на партијата ни изнуди половина милион евра донации, кои пари воопшто не сте ги ставиле на сметка на партијата, туку во својот џеб. Или можеби сметате дека тоа на своја рака го направила Гордана Јанкуловска? Срам да ви е, вие немате никакво морално право да зборите за нечиј криминал и корупција“, пишува Теневски.

Тој во својата реакција се обрати и до Зврлевски и го советуваше да го послуша советот на Заев и да си поднесе неотповиклива оставка.

„Тоа не е само заради моралните причини за таквиот ваш чекор со кој вистинските правосудни реформи побрзо би отпочнување како приоритет на граѓанското оштество и агендата на новата Влада, туку таквиот чекор би бил неопходен и заради ’високиот степен на сомнеж’ дека токму Вие свесно сте прикриле значајни докази во предметот Каса Прими на Загорац Тумбовски против Гордана Јанкуловска, а особено фактот дека постојат сведоци и други материјални докази кои ја потврдуваат вистинитоста на исказот на Тумбовски и оправданоста за поднесената кривична пријава. Имено јас, Ѓорѓи Теневски, поранешен генерален директор на Јака Табак а.д. Радовиш, бев лично посочен за сведок од страна на Загорац Тумбовски, но и покрај тоа, Вие како Јавниот обвинител на РМ, со цел да ѝ противзаконито помогнете на тогашниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкуловска, воопшто не ме сослушавте како сведок во постапката. На овој начин, обвинителството и јавноста беа директно спречени да дознаат за одредени факти за кои јас сум сведок, но и тоа дека постојат и други донатори и Каса Прими потпишани од Гордана Јанкуловска за примениот кеш како донација за партијата, а кои средства не биле уплатени во касата на партијата, ниту биле употребени за намената согласно законот“, вели Теневски.

Тој посочува дека Зврлевски максимално се обидел да ја релативизирате кривичната одговорност на врвни функционери во ВМРО ДПМНЕ изјавувајќи го за јавноста дела случајот е со низок степен на сомневање.

Теневски вели дека јавноста мора да ја знае вистината и тежината на непостапување согласно закон од страна на Зврлевски.

„Затоа, господине Зврлевски, дадете си оставка од функцијата Јавен обвинител на РМ затоа што со своите постапки директно ’го зголемувате степенот на сомнение’ дека и Вие сте биле инволвирани во дејствувањето на едно злосторничко здружение кое било формирано со цел да изврши прогон и тортура на мноштво невини граѓани на оваа држава. Мој совет: прифатете ја сугестијата на премиерот Заев – дадете си неотповиклива оставка“, вели Теневски во реакцијата.

Корупција криминал Марко Зврлевски Никола Груевски оставка реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.