Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теодоракис: По средбата во Скопје преговорите ги преземаат премиерите

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на грчката партија Река (Потами) Ставрос Теодоракис, по вчерашната средба со министерот а надворешни работи Никос Коѕијас за разговорите во Виена, изјави дека нова средба на Котујас и ДИмитров ќе се одржи на 12 парил во Скопје, по што, како што изјавил, работата ја преземаат двајцата премиери, пренесува МИА.

-Сум кажал дека април многу веројатно е да го даде решението. На 12 овој месец како што ме извести Коѕијас ќе ја има следната важна средба со министерот за надворешни работи на ПЈРМ и ако помине добро оваа средба сфаќам дека случајот ќе оди во рацете на двајцата премиери, изјави Теодоракис во интервју за државната телевизија ЕРТ.

И Независен весник, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека кон средината на идната недела, по велигденските празници,  грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со министерот  Никола Димитров, иако датумот се уште не е утврден прецизно.

Од македонското МНР засега не потврдуваат ваква информација.

Во меѓувреме, од вчера, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција започнаа со брифинзите на највисоките државни претставници и партиските лидери за исходот од состанокот, што во петокот во Виена го имаа со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

– Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист по оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц, изјави премиерот Зоран Заевпо средбата со министерот Димитров.

Заев најави дека лидерска средба на оваа тема е можно да се одржи по велигденските празници.  Заев одговараше на новинарско прашање во врска со најавата на Димитров минатата недела дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера соопштија дека не добиле официјална покана за средба на лидерот на партијата Христијан Мицкоски со Димитров. Потврда за средба нема ниту од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

фото: ТВ24

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Димитров Заев Коѕијас Скопје Теодоракис Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.