Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Територијалниот проблем на евро-британскиот развод се вика Гибралтар

0
By Светлана Јовановска on April 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2017 20:21

 Чиј е Гибралтар? На Велика Британија или на Шпанија? Досега беше европски. Но, Брегзит преговорите го отворија ова чувствително прашање што ЕУ успеваше досега да го држи на маргините.

Гибралтар е полуостров меѓу Средоземното море и Атлантскиот океан, се наоѓа на крајниот југ на Шпанија. Полуостровот им припаѓач на Маурите во Средниот век, а подоцна станал шпански. Во 1713 година, преку мировен договор, и е предаден на Велика Британија. Денес има околу 30.000 жители и површина од 6,5 квадратни километри.

Мадрид би сакал оваа територија да и се врати на Шпанија. За мир во европската куќа, проблемот никој не се осмелуваше да го отвори. Но, излегувањето на Велика Британија донесе нови околности.

Во нацрт предлогот на ЕУ за преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ се вели дека шпанската влада има право на вето на одлуката за Гибралтар.

Предлогот што Доналд Туск, првиот човек на ЕУ го презентираше, а треба да биде усвоен на посебен самит на ЕУ на крајот на април, вели дека по заминувањето на Велика Британија од ЕУ ниту еден договор не може да се примени на Гибралтар без согласност помеѓу Шпанија и Велика Британија.

Изневерен сопруг

Се разбира, ова на Лондон не му се допадна. Остри критики стасаа од Лондон. Но и од Гибралтар. Шефот на владата на Гибралтар, Фабијан Пикардо рече дека нема да дозволи енклавата да стане монета за поткусурување во преговорите за Брегзит, ниту жртва на тие преговори. И додаде дека Доналд Туск се однесува како «изневерен сопруг кој се врти против своите деца».

Пикардо побара ЕУ да го тргне овој дел од предлогот за Брегзит преговори.

Така тонот помеѓу Лондон, Мадрид и Брисел се заострува.

За шефот на британската дипломатија, нема да има промена на суверенитетот на Гибралтар без согласност на Велика Британија, изјави Борис Џонсон пред два дена.

Според еден висок претставник на британските конзервативци Мајкл Хауард, премиерката Тереза Мај е подготвена да почне вистинска војна со Шпанија за да ја одбрани оваа територија.

Портпаролот на Меј се обиде да ја спушти топката и објасни дека не станува збор за да се испрати војска во Шпанија. Според него, зборовите на Мајкл Хауард се само потсетување на определбата на Британците «да ги заштитат правата на Гибралтар и неговиот суверенитет».

Шпанија го сака Гибралтар

Реакции се разбира има и во Шпанија. Тие се позитивни во однос на предлогот на ЕУ и на Туск за Брегзит преговорите. Алфонсо Дастис, шефот на шпанската дипломатија, изјави за «Ел Паиз» дека позитивно гледа на предлогот.

Неговиот претходник Хозе Мануел Гарсиа-Маргало има поинаков став. Веднаш по ланскиот референдум во Велика Британија тој изјави дека новата ситуација отвора нови перспективи и изрази надеж дека Мадрид и Лондон ќе можат да најдат формула на ко-суверенитет но исто така дека со излезот на Велика Британија од ЕУ, Гибралтар станува поблизок до Шпанија.

Во 2002 година гибралтарските гласачи со 99 отсто ја отрфлија формулата за поделба на суверенитетот помеѓу Мадрид и Лондон и покажаа дека сакаат да останат дел од Велика Британија. Но, 14 години подоцна 95 отсто жители на Гибралтар на референдумот за брегзит гласале за останување во ЕУ.

Потребни се ладнокрвност и преговори, изјави холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс по министерската средба на ЕУ што се одржа во понеделникот во Луксембург:

«Сега се гледа дека разводот носи потешкотии. Да бидеме сталожени и да не користиме тешки зборови. Да преговараме», изјави тој.

Студената глава и преговорите се единствениот начин да се најде решение за ова поглавие на евро-британскиот развод.

Бгрезит Велика Британија Гибралтар ЕУ Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.