Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на посетата на Турција ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти Стејт департментот.

– Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон заминува за Анкара на 30 март за да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и други високи турски државни претставници, што ќе биде во насока на продолжување на соработката на САД со нашиот сојузник во НАТО на високо ниво, нагласи Стејт департментот.

Во соопштението се нагласува дека Тилерсон планира да ги разгледа натамошните начини за борба против групацијата Исламска држава.

Тилерсон по Турција ќе се упати за Брисел за посета на седиштето на НАТО.