Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тито Петковски повторно избран за лидер на НСДП

0
By Нова ТВ on May 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ТВ24
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тито Петковски денеска повторно е избран за претседател на  Новата социјалдемократска партија (НСДП).

На четвртиот редовен партиски конгрес, покрај претседател на партијата беа избрани и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.

Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во услови кога мандатите се распределуваат според Донтовиот модел.

– Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, кое веќе е најавено, во насока на една изборна единица, отворени листи, како  и низок праг за влез во Собранието, рече Петковски кој е единствен кандидат за претседател на НСДП и се очекува да биде реизбран.

Надежта ја гледа во изборната програма на СДСМ зад која, како што рече, застанаа сите политички партии од коалицијата.

Присуствуваа околу 500 делегати од повеќе градови кои избираа Претседател, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на партијата. НСДП од 2006-та до 2008 -та година беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а сега е со владејачката СДСМ.

Избор Конгрес НСДП претседател Тито ПЕтковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.