Леброн Џејмс направи мудар потег во 2011 година. Како голем фан на Ливерпул „заигра“ на берза и вложи 7,3 милиони евра во клубот од „Енфилд“. Осум години подоцна „црвените“ се наоѓаат на чекор до трофејот во Лигата на шампиони, а инвестицијата во меѓувреме му донесе одличен капитал на кошаркарот на Кливленд. Вредноста на вложувањето на Џејмс сега нарасна на 36,2 милиони што преведено во нето износ значи заработувачката од 28,9 милиони евра.

Еден од најдобрите НБА кошаркари на денешницата е сопственик на два отсто акции на Ливерпул. Доколку тимот на Јирген Клоп успее да слави и на Реал Мадрид во шампионското финале во Киев на 26 мај, тогаш „имотот“ на Џејмс на „Енфилд“ ќе „тежи“ десетици милиони повеќе одошто е случај во моментот.