Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија одложена, Груевски и одбраната со нови приговори

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за случајот „Траекторија“ денеска поворно е одложено, бидејќи и по одбиените приговори и по паузата која судијата ја даде за да одлучи за денешните приговори на одбраната кои исто така беа одбиени, адвокатите на обвинетите, но и поранешниот премиер Никола Груевски продолжија да поднесуваат нови приговори.

Иако судот го одби барањето за отфрлање на бомбите и смс пораките како доказ Груевски во своето обраќање до судијата повторно побара смс пораките да не бидат доказ, бидејќи како што вели ваквите електронски записи е лесно да се манипулираат и менуваат со цел да им се стави вина на нив како обвинети.

За Груевски е спорен е и начинот на кој се прибавени смс пораките и изрази сомнеж дека тие може да биле менувани во времето додека биле во сопственост на СДСМ, со цел, како што рече, да им ја урне репутацијата за политички цели.

-Самата технологија на пишување пораки во електронска форма, откако еднаш се сочувани како збир од обични букви, овозможува нивно бришење и додавање букви, нов текст. Може на обичен компјутер со ексел програма, на која можете слободно да ги менувате и да не оставите траг дека тоа сте го направиле, рече Груевски.

Тој дури рече и дека и судот работи под политички притисок на што судијата реагираше и ги замоли обвинетите да не се служат со такви квалификации.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова рече дека обвинетиот Никола Груевски од мобилниот телефон му чита од збор до збор исти, веќе поднесени приговори, само за и натаму да не почне главната расправа.

Стефанова му се обрати на судот дека приговара на начинот на водење на постапката.

-Се добива впечаток дека истите приговори одбраната може да ги поднесува уште 6 месеци, рече Стефанова.

На денешното рочиште, Груевски побара збор и наведе дека има неколку барања до судијата Горан Бошевски. Додека зборуваше,  Груевски неколку пати се закашла, по што една од членовите на судскиот совет донесе  чаша со вода која му беше подадена на Груевски.

Меѓу барањата на обвинетиот Груевски се и тоа судот да работи по закон, да не биде под политички притисок и тој како обвинет да имал ист третман како Зоран  Заев.

Следното рочиште е закажано за први март.

По денешното рочиште, Груевски изјави дека судството се претвора во политичка гиљотина. Тој наведе дека за сите рочишта против него впечатливо било дека немаат ист третман и дека на секое рочиште се борат за права кои што им следуваат по закон. Друго на што се пожали тој е нееднаквиот третман на судот кон обвинителството, одбраната и обвинетите.

– Кон обвинителите се однесуваат со почит, спокојно, а кон одбрана и обвинетите односот е нервозен, со што судот како да дава до знаење на чија страна е, рече Груевски.

Тој се пошегува дека во судот доаѓа толку често што треба да му дадат канцеларија и плата.

Груевски приговори СЈО Стефанова Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.