Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Ако загубам на изборите, американската економија ја чека невиден колапс

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 15, 2019 20:02

Американската економија може да доживее невиден колапс доколку не добијам нов мандат на изборите во ноември во 2020 година, оцени претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Економијата на Трамп постигнува рекорди и во иднина нè чекаат уште многу. Но, ако некој друг победи наместо мене на изборите во 2020 година, тогаш ќе настане крах на берзите, каков што не сте виделе досега. Да ја сочуваме Америка голема“, напиша Трамп на Твитер без да прецизира за какви „рекорди во економијата“ станува збор.

Трамп планира да биде кандидат за претседател на САД од редовите на Републиканската партија и да се бори за втор претседателски мандат на изборите догодина. Од друга страна, во трка за демократски претседателски фаворит се десеттина кандидати меѓу кои за најсериозни важат поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Бајден и Сандерс уживаат поголема популарност меѓу Американците од Трамп. Според последната анкета на „Политико“ и на „Морнинг Консалт“, во случај на дуел Трамп-Бајден, за поранешниот потпретседател би гласале 44 отсто од испитаниците, а за актуелниот претседател 33 проценти.

Во случај на претседателска трка меѓу Трамп и Сандерс, за сенаторот од Вермонт би гласале 42 отсто од анкетираните, а за актуелниот станар на Белата куќа – 32 проценти. И во двата случаи, околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека не знаат за кого би гласале.

Доналд Трамп економија избори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.