Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп би можел да биде обвинет за учество во криминал

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 15:37

Јавното обвинителство на Јужниот Округ на Њујорк и истражителите на специјалниот обвинител Роберт Малер му врачија на Судот документи, според кои, актуелниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со обвинение за извршено кривично дело.

Обвинителство во документите во процесот против поранешениот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, првпат го оквалификува актуелниот американски претседател како „соучесник во криминал“.

Според  обинителниот акт, Коен се товари за организирање поткуп на две жени за време на претседатлските избори во САД во 2016 година, од кои било побарано да не откријат дека имале сексуални врски со Трамп.

Обвинителството, исто така, обелодени нови детали за финансиски малверзации околу плановите на Трамп да започне изградба на облакодер во Москва во време на предизборната кампања.

Во меморандумот со докази на 47 страници, Обвинителството не го споменува името на Трамп, туку наведува дека адвокатот Коен „признал оти координирал постапки и примал наредби од Лице-1“. Понатаму се говори дека неименуваното „лице“ во јануари 2017 година стапило на функцијата претседател н САД.

Поранешниот адвокат на Трамп веќе призна вина по осум точки од Обвинението, како кршење на законите за финасирање на изборна кампања.

Станува збор за поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс и на поранешниот модел на „Плејбој“, Карен Мекдугал, кои тврдат дека имале сексуални врски со Трамп и на кои, според Обвинителството, им биле плаќани засега неутврдени суми во замена за тоа да не откриваат информации за тоа.

Во посебен меморандум врачен на Судот од страна на тимот на специјалниот обвинител Малер, се открива улогата на Коен во т.н. „московски проект“ – план за изградба на облакодерот „Трамп тауер“ во рускиот главен град.

Коен минатата недела призна дека за овој проект се воделе преговори се до јуни 2016 година и дека учесник во бизнис кореспонденцијата бил и портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Истражителите на Малер истакнуваат дека реализацијата на овој проект би била невозможна „без помош од  руските власти“ и во случај на негова реализација, компанијата „Трамп Организејшн“ би добила стотици милиони долари.

Обвинителниот акт му бил предаден на Судот во доцните вечерни часови во петокот. За време на викендот Трамп во неколку наврати негираше дека му давал наредби на својот поранешен адвокат за некакви поткупи и дека докуменитите не докажуваат постоење на некаков „заговор“ помеѓу вработените во неговата кампања.

– Ние сме задоволни од тоа што го прочитавме и затоа што таму нема никаков заговор, изјави Трамп, додавајќи дека „последна работа што можел да ја направи е да бара помош од Русија за кампањата“.

Претходно, тој уште еднаш порача дека истрагата на Малер е „лов на вештерки“.

– По две години и милиони страници документи (и трошоци од над 30 милиони долари) нема заговор, напиша Трамп на Твитер.

Американските правници се поделени околу тоа дали американскиот претсеател може да биде обвинет за кривично дело, но сметаат дека Трамп има причина „за сериозни грижи“.

Засега се знае дека Обвинитеството бара од Судот четири години затвор за Коен. Пресудата се очекува да биде донесена в среда.

криминал обвинение Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.