Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ги повлекува војниците од Сирија – Путин ја поздрави одлуката

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 СВЕТ
Фото: NY Times
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белата куќа објави видео порака во која претседателот Доналд Трамп ја објаснува неочекуваната одлука да ги повлече американските војници од Сирија.

– Победивме против Исламската држава. Време е нашите војници да се вратат дома, истакна Трамп.

Официјални американски претставници вчера соопштија дека Трамп ќе ги повлече од Сирија сите две илјади американски војници. Според локалните медиуми, одлуката за повлекување предизвикала лутина и огорченост кај републиканските пратеници. Според некои извори, шефовите на Министерството за одбрана и воени команданти до последен момент се обидувале да го одвратат претседателот да ја донесе одлуката. Изненадувачкото објавување победа над ИД е во спротивност со проценките на неговите експерти за ситуацијата во Сирија.

Во своето обраќање Трамп подвлекува колку е тешко да пишуваш писма и да им се обраќаш на блиските на оние кои загинале во борби.

– Сега сите тие се враќаат, веднаш се враќаат, изјави тој.

Висок владин претставник изјави дека одлуката за повлекување на американските трупи е заснована на верувањето на Трамп дека американските војници во Сирија немаат друга задача освен да се борат против „Исламска држава“, која сега држи околу еден процент од територијата со која владеше кога беше најсилна.

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави одлуката на својот американски колега Доналд Трамп да ги повлече своите војници од Сирија.

Тој го оцени таквиот потег како правилен, истакувајќи го повторно рускиот аргумент дека военото присуство на САД во Сирија е незаконско, бидејќи не е дозволено од Советот за безбедност на ОН или од сириската Влада.

– Останува да се види дали САД ќе го исполнат својот план, нагласи Путин, потсетувајќи дека Вашингтон повеќе пати ветувал дека ќе го повлече својот контингент од Авганистан, па и понатаму е таму веќе 17 години.

Рускиот претседател се согласи со оценката на Трамп дека џихадистичката група Исламска држава е целосно поразена во Сирија.

Путин предупреди за опасност терористите да се префрлат од Сирија во други земји во соседни региони, како на пример во Авганистан. Тој потврди дека Русија ќе ја зајакне својата база во Таџикистан додека ситуацијата во Авганистан не биде решена.

 

 

војници Путин САД Сирија Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.