Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп и Путин сепак нема да се сретнат во Виетнам

0
By Нова ТВ on November 10, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 10, 2017 09:49

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Југоисточна Азија во Виетнам, соопшти Белата куќа.

„Во врска со средбата со Путин, никогаш не беше потврдено и нема да има никаква средба“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс пред слетувањето на авионот на претседателот Трамп во веитнамскиот град Дананг.

Таа сепак не исклучи дека двајцата претседатели би можело да имаат помалку официјална средба во Дананг или подоцна на Филипините каде што ќе учествуваат на друг регионален самит.

Доколку се сретнеа, се очекуваше Трамп и Путин да разговараат на повеќе теми.

Москва би инсистирала на повторно воспоставување на дипломатски и воен дијалог меѓу Москва и Вашингтон, иден стратешки договор за вооружувањето, како и за ракетите со среден дострел. Русија е спремна на разговори и за светските кризни жаришта.

За Трамп пак најважни се три теми: Северна Кореја, Украина и Сирија. И Москва и Вашингтон ги критикуваа најновите атомски тестови на Пјонгјанг, но Русија, заедно со Кина, пледира за дипломатско решение, вклучително и отстапки кон Северна Кореја. Трамп пак се заканува со воен удар. Разлики постојат и во поглед на Украина, на таа тема би било тешко да се постигне пробив.

Важна тема останува и меѓународниот атомски договор со Иран, од кој американскиот претседател се заканува да се повлече. Путин пак неодамна престојуваше во Техеран и демонстрираше блискост со иранското раководство.

Бела куќа Виетнам Путин средба Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.