Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Му верувам на Ким како на ниту еден друг претседател досега

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 12:55

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференцијата по завршувањето на историската средба со лидерот на Ким Јонг ун изјави дека е потпишан документ со кој САД и Јужна Кореја се обврзуваат да престанат со „воените игри“ што би ја налутиле Северна Кореја.

Тој рече дека Ким го информирал дека Северна Кореја го затворила комплексот каде се вршеле таквите тестирање на мотори за ракети. Но, како што кажа, деталите не биле разработени, бидејќи немало доволно време.

Трамп сепак нагласи дека санкциите нема да се укинат се додека не се постигне напредок за денуклеаризацијата.

Меѓудругото, се разговарало и за човековите права во Северна Кореја, а Трамп во тој контекст оцени дека , додавајќи дека “тие се кршат на груб начин”во Северна Кореја, но како што рече, така е и на „многу места”.

Трамп изјави дека е убеден дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун “ќе се придржува” до документот.

-Мислам дека никогаш не сум имал доверба во некој претседател како што имам сега, дека постои желба и способност да се завршат работите, изјави Трамп, говорејќи за тоа дали му верува на северноорејскиот лидер на ветувањата дека же го исполни договореното.

-Тој беше многу убедлив во фактот дека тој сака да го стори тоа – мислам дека можеби ќе сака да го исполни тоа дури и повеќе од мене. Тие гледаат светла иднина за Северна Кореја, Но се разбира, никогаш не се знае, рече Трамп.

Четирите клучни точки  на Декларацијата

Би Би Си објави дека Декларацијата има четири клучни точки:

-Соединетите Држави и Демократска Народна Република Кореја се обврзуваат да воспостават нови односиво согласност со желбата на народите на двете земји за мир и просперитет.

-САД и КНДР ќе се приклучат на напорите за изградба на траен и стабилен мировен режим на Корејскиот полуостров.

-Потврдувајќи ја Декларацијата од 27 април 2018 година, КНДК се обврзува да работи на целосната денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

-Соединетите Американски Држави и КНДР се обврзаа да ги идентификуваат останките од оние кои починале како воени затвореници во двете земји, вклучувајќи и враќање на останките на веќе идентификуваните.

Заврши!

Неколку минути по завршувањето на прес конференцијата на Трамп, владата во Сингапур испрати покани до новинарите со следната содржина: “Готово е!”

Самитот е “прв чекор”

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја даде својата реакција на самитот на Трамп-Ким – еве што рече:

-Одлуката на претседателот Ким за комплетирање на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров беше потврдена во еден документ, кој го поддржувам како чекор кон сеопфатно решавање на прашањата околу Северна Кореја. Исто така, високо ја ценам изјавата на претседателот Трамп во врска со киднапираните јапонски граѓани. Јапонија ќе се заложи за решавање на прашањата околу Северна Кореја, како што се киднапирањата, нуклеарната програма и проектилите, во соработка со САД, Јужна Кореја, Кина, Русија и меѓународната заедница, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе во првичната реакција по самитот.

-Седумдесет години поделба и непријателство фрлија темна сенка што сега не можеме да веруваме на она се случува пред нашите очи. Пофалби за храброста и определбата на двајцата лидери, претседателот Трамп и претседателот Ким, да се направат промени. Договорот од 12 јуни ќе остане историски настан кој помогна да се прекине последното преостанато наследство од Студената војна, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Јае ин.

Тој додаде дека самитот е “голема победа постигната од страна на САД и двете Кореи и огромен чекор напред за луѓето ширум светот кои копнеат за мир”.

Владата на Јужна Кореја, во врска со изјавата на Трамп дека САД и Јужна Кореја се обврзуваат да престанат со „воените игри“  што би ја налутиле Северна Кореја, соопшти дека не и е познато што значи тоа.

Доналд Трамп и Ким Јонг-Ун станаа првите претседатели на САД и Северна Кореја кои се состана, што претставува досега невиден развој на ситуацијата, по една година размена на закани.

Она што за многумина беше историскиот чин е нивното ракување во хотелот на островот Сентоса во Сингапур пред почетокот на разговорите.

Трамп и Ким во Сингапур: Дојдоа, се ракуваа, потпишаа

Договор Ким прес средба Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.