Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Неиграње и отказ за фудбалери што не стојат на химната на САД

0
By Нова ТВ on September 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 23, 2017 18:06

Политички говор со делумно спортски примеси на американскиот претседател Доналд Трамп во Алабама. Првиот човек во Белата куќа со порака до газдите на НФЛ клубовите (американски фудбал) да не дозволат настап или да ги отпуштат играчите кои ќе одбијат да стојат за време на интонирање на химната.

„Горди сме на нашата земја, го почитуваме нашето знаме. Дали не сакате да видите некој сопственик на НФЛ клуб кој ќе рече „Извади го тој кучкин син од терен. Надвор. Тој е отпуштен“ за некој кој ќе искаже непочитување на нашата химна и знаме“, рече Трамп пред присутните во Алабама кои, пак, на претседателскиот патриотизам возвратија со скандирање „САД, САД“.

Во основа на таквиот говор на Трамп беше реакцијата на Колин Кеперник, квотербек на Сан Франциско, од минатата сезона кој одби да стои на химната на САД поради проблеми со расното прашање во земјата. Во таа прилика тој клекна на едно колено, пример за изразување на незадоволство што потоа го следеа и други негови колеги.

„Нема да стојам на химната и на тој начин да изразувам почит кон знамето на земјата што угнетува црнци и луѓе со друга боја на кожа“, истакна Кеперник лани во период во кој на улици во градовите, воглавно на југот, се случуваа убиства на Афроамериканци.

За Трамп тоа е недозволиво и ако некој газда на клуб реши да отпушти фудбалер што ќе изрази непочитување на националните обележја ќе стане најпопуларен човек во земјата.

На говорот на претседателот на САД следуваа реакции од фудбалери кои порачаа дека Трамп треба да се бави со политика наместо со спорт.

„Дали некој му рекол на Трамп да се држи до политиката како што нас ни е кажано да се држиме до спортот“, напиша Ерик Ебдон на својот Твитер профил.

Трамп, притоа, се обрати и до гледачите кои одат на стадион порачувајќи им веднаш да станат и да ја напуштат трибината што видат фудбалер што клечи за време на химна.

„Заминете. Ви гарантирам дека таквиот тренд ќе престане. Едноставно соберете се и излезете“, сугерира Трамп.

Алабама говор Доналд Трамп НФЛ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.